Во Атина вчера е потпишан договорот за соработка во изградбата и експлоатацијата на нафтоводот Бургас- Александрополис. Документот го потпишаа министерот за индустрија и енергетика на Русија Виктор Христенко, министерот за развој на Грција, Димитрис Сјуфас, и министерот за регионален развој на Бугарија, Асен Гагаузов. На церемонијата на потпишувањето присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и премиерите на Грција и Бугарија, Костас Караманлис и Сергеј Станишев.

Проектот, кој чини една милијарда евра, е наменет за транспорт на руска нафта од Бургас до Александрополис и понатаму за странски пазари. Должината на нафтоводот е околу 300 километри, а пропусната моќ му е од 35 до 50 милиони тони сурова нафта годишно. Маршрутата на нафтоводот ги заобиколува турските теснеци Босфор и Дарданелите, со што ќе се ослободи таа транспортна артерија и ќе се намали цената на доставките.