x

Годин верува во „чудо“: Зошто да не го стигнеме Јувентус

Осум бодови на шест кола до крајот е предноста на Јувентус пред Интер во Серија „А“. Вчера тоа стана јасно по победата на Интер над Торино, иако можеше да биде поинаку, ако „нероаѕурите“ не се сопнаа со Болоња и Сасуоло.

Диего Годин, еден од стрелците вчера, верува дека Интер може да го стигне Јувентус.

„Треба да се фокусираме да ја задржиме втората позиција, но зошто да не се обидеме да го стигнеме Јувентус“, рече Годин кој откри дека нема намера да замине од Интер, и сака да остане до крајот на договорот до 2022 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата