x

Годината завршува со Кулушевски и Јуве (ФОТО)

Италијански Газета Дело спорт го промовираше Македонецот кој игра за Шведска, Дејан Кулушевски како нов играч на Јувентус.

Еден од најбараните млади играчи на пазарот се најде на насловната на италијанскиот весник во последниот ден од 2019, кој пишува дека актуелниот играч на Парма на лето се сели во Јувентус, а не во Интер како што се шпекулираше досега.

Трансферот на Швеѓанецот со македонско потекло ќе чини 44 милиони евра со кој ќе биде најскапиот млад фудбалер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата