Европскиот универзитет РМ и преку 14. Саем за образование и кариера потврди дека е лидер во високото образование во државата и пошироко. И на вчерашниот последен ден од Саемот беа забележителни турканиците пред штандот на оваа високообразовна институција, како и големата заинтересираност за студиските програми од страна на средношколците и нивните родители.
“Особено сме задоволни од присуството на матуранти кои доаѓаа од сите делови на Македонија. Јас лично разговарав со матуранти од Битола, од Берово, а беа дојдени и средношколци од Кочани. Денеска, иако е последен ден од саемската манифестација, посетеноста е најголема, како и концентрацијата на луѓе кои доаѓаат и прашуваат за информации. Заинтересираноста постои за сите факултети, особено за економскиот и за Факултетот за стоматологија. На студентите им е претставено се она што нуди Европскиот унивезитет, преку нашиот рекламен материјал. Исто така, им објаснуваме на младите се за фирмите со кои соработуваме и каде тие би можеле да посетуваат практична обука и каде можат да најдат вработување по нивното дипломирање. Се надеваме дека по овој Саем ќе имаме голем упис, можеби и најдобар досега, изјави доц. д-р Емилија Стевановска, раководител на секторот за кариера.

Успешноста на настапот на Европскиот универзитет во рамките на саемските денови го потврдува и проф. д-р Живко Андревски.
-Нашето претставување на Саемот е успешно и во однос на подготовките што ги правевме за манифестацијата и во однос на презентацијата на она што сакавме да го покажеме пред јавноста, преку новостите што ги донесовме. За успешноста зборуваат и реакциите на заинтересираните, вели проф. д-р Андревски.

Годинава Европскиот универзитет понуди нови програми за студирање, а хит е Факултетот за стоматологија. Опремен и организиран како Универзитетски клинички центар претставува апсолутно голема новина и свежина за целата држава.
Континуитетот на високо интересирање и годинава според проф. д-р Андревски, го задржува Факултетот за економски науки, од причини што е меѓународно признат во рамките на светската поделба на универзитетите. Исто така програмите на овој Факултет се такви што дипломираните економисти се бараат на пазарот на трудот и брзо наоѓаат вработување. Интересот е голем и за Факултетот за детективи и криминалистика, за Правни науки и за Факултетот за арт и дизајн и за Информатика. Бидејќи на ЕУРМ функционираат докторски студии по информатика, покажан е висок степен на заинтересираност за следење на докторските студии на Европскиот универзитет.
Кон големата заинтересираност за студирање на ЕУРМ придонесе и комуникацијата со средношколците – идни студенти кои покажа дека во најголем дел се информирани за Универзитетот, што зборува дека Универзитетот е етаблиран на пазарот на високото образование.
Поволности за студирање на ЕУРМ
Европскиот универзитет РМ и годинава ги пошири поволностите за студирање преку иницијативата “Избери сам”.

На бруцошите им се нуди можност за уписнина од 2 000 евра да добијат лаптоп во вредност од 500 евра со што ќе им се олесни студирањето. Исто така, на оние кои веќе располагаат со овој вид техника понудена им е можност да добијат мотор во вредност од 500 евра со што полесно ќе можат да стасаат на Универзитетот.

И оваа година останува можноста доколку се запишат на Европскиот универзитет студентите да плаќаат 500 евра помалку, што ќе се смета за стипендија.