Од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје апелираат до сите граѓани кои доаѓаат за пружање здравствена помош/заштита во оваа институција, да даваат вистинити податоци.

„Во однос на епидемиолошкиот прашалник кој го пополнуваат, а сè со цел да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на владата за спречување на ширење на инфекцијата со COVID 19. Секое постапување спротивно од насоките, подлежи на кривична одговорност“ се вели во соопштението.

извор: Makfax