Девојка по име Сидни Кинч го фатила дечкото среде неверство и тоа само заради еден необичен детаљ кој го забележала на фотографијата што самиот и ја пратил. Своето откритие го поделила на ТикТок само за да ги предупреди останатите девојки секогаш добро да ги проучат фотографиите што ги добиваат од партнерите.

Во видеото таа ја покажала фотографијата од момчето додека седи во автомобил со очила за сонце. А сфатила дека ја мами токму благодарение на неговите очила – во нив видела женски нозе. 

@sydneykinsch

check the reflection in your boyfriend’s sunnies ladies ✨ #fyp

♬ original sound – Mandy Patinkin and Kathryn G