“Кој високо лета, ниско паѓа“, е стара поговорка чие значение треба да ја научат Јована Јоксимовиќ и Срџан Предојевиќ.

Менаџментот на телевизијата одлучил трајно да им се заблагодари на соработката со Јелена и Срџан давајќи им отказ од работа во телевизија.

– ТВ “Прва“ одлучила да ја заврши соработката со Јована Јоксимовиќ и Срџан Предојевиќ поради непочитување на работните обврски – стои во известувањето на официјачниот Инстаграм налог на оваа телевизија.

– Јована и Срџан во оваа телевизија се скоро пет години во стил на големи ѕвезди и за нив важеле посебни правила. Имале најдобри услови за работа, а платите достигнувале сума која обичен човек неможел ни да замисли – раскажува извор близок на водителскиот пар.

– Во редакцијата глумеле големи ѕвезди, во што предводела Јована. На своите соработници често им држела лекции како треба да ја вршат својата работа и како да се однесуваат, а тоа и публиката имала можност да го забележи…

– Биле обврзани во пар да ја водат емисијата секој работен ден, но во пракса често се случувало меѓусебе да се договорат Срџан да работи една недела, а следната Јована. Никој во телевизија не знаел кој ќе ја води програма во одредениот ден – открива изворот.