Весникот “Вечер”, прв од македонските медиуми, официјално пристапи кон Глобалниот договор на Обединетите нации за корпоративна општествена одговорност. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, првпат го предложи Глобалниот договор на Светскиот економски форум во 1999 година, чија оперативна фаза почна од 2000 година. Тој претставува една глобална иницијатива упатена до бизнисот да ги приближат нивните компании до агенциите на ОН, до работничкото и граѓанското општество во поддршка на десет универзални принципи во областите на човековите права, работната сила, животната средина и борбата против корупцијата. Глобалниот договор бара компаниите да усвојат, поддржат и донесат клучни вредности што ќе се однесуваат на тоа бизнисите да ги почитуваат и да ги заштитат меѓународно прогласените човекови права и да обезбедат несоучесништво во кршењето на тие права. Тие треба да ја поддржат слободата на здружување и правото на колективно договарање, да ги елиминираат сите форми на принуда или задолж ителна работна сила, да се борат за укинување на детската работна сила и да ја елиминираат дискриминацијата во однос на вработувањето и професијата. Пристапниците кон оваа акција треба да ги почитуваат и внимателно да пристапуваат кон предизвиците на животната средина и да преземаат иницијативи за промоција на поголема одговорност кон животната средина, како и да го поддржат развојот и распространувањето на технологиите за нејзино унапредување. Конеч но, последниот принцип на Глобалниот договор на ОН е бизнисите да работат против сите форми на корупција, вклучувајќи го изнудувањето и митото. Глобалниот договор, според ОН, треба да стане дел од деловната стратегија и операциите на компаниите, но тој не е регулаторен инструмент, не го “оддржува поредокот” и не го мери однесувањето на компаниите, туку ја јакне јавната одговорност, транспарентноста на компаниите. Овој договор треба да ги поврзе сите релевантни општествени фактори, владите, компаниите, работната сила, организациите на граѓанското општество, акционерите, во заедничката општествена одговорност, а Обединетите нации се поставуваат како глобален политички форум, кој во таа интеракција е обединител и олеснувач. Со неговата имплементација, според ОН, ќе се олесни инкорпорирањето на компаниите и земјите во глобалната економија, но и поединечно ќе им помогне, во зголемување на сопствената атрактивност за нови инвестиции и деловни партнерства со истомисленици. Кон оваа глобална акција, веќе се приклучени неколку стотици фирми од светот и од регионот, од на- шите соседи, а веќе постои активен интерес за приклу- чување кон Глобалниот договор на неколку компании од Македонија.