По одлуката на газдата на Манчестер Јунајтед, Малком Глејзер, да ги зголеми цените на влезниците, повторно се разбранува атмосферата меѓу навивачите на “црвените ѓаволи”. Стигна нов шок од американскиот милијардер: Глејзер го продава “Олд Трафорд”! Тврдењето на лондонскиот “Тајмс” дека новинарите виделе документ што зборува за плановите на Малколм Глејзер сегашната заработувачка од 161 милион фунти до 2010 година да ја зголеми на 246 милиони ги разбранува страстите на линијата управа-навивачи. Ова зголемување на профитот Американецот планира да го оствари со зголемување на билетите за 61 отсто, ТВ правата за 13 отсто, а цената на навивачките реквизите за неверојатно 76 проценти. Сепак, тоа не е ништо во однос на последната вест што ја згрози целата англиска јавност. Малколм најави дека ќе го продаде “Олд Трафорд” за 200 милиони фунти и тоа, се чини, стана капката што ја прели чашата. Оваа вест предизвика бурни реакции кај сите на кои црвената боја им лежи на срцето, а се очекува реакција и на Парламентот на Велика Британија.