Глас за Македонија остро реагира на уривањето на објектите на поранешно Беко и на Скопско сајмиште кои се сметаат за заштитен знак на Скопје.

„Уривањето на Беко трае со недели, а архитектонската фела тоа го преспива или одмолчува. Истовремено, Скопје и Република Македонија после 40 години, остануваат без сајмиште. Речиси од иста природа е последователната одлука, Скопското сајмиште, кое е продадено и има нов сопственик, да се ликвидира, а на неговото место да се изградат станбени згради/секако со деловен простор и нешто трговија!“, се вели во реакцијата на Глас за Македонија.

 

извор: Makfax