Гласањето за брегзит во британскиот парламент ќе се одржи во вторник, 11. декември, изјави денеска портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.

Агенцијата „Ројтерс“ најавува дека тој го изјавил ова поради шпекулациите во медиумите дека гласањето би можело да биде одложено.

Порталот „Политико“ пренесува дека британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, предупредил оти менувањето на одлуката за брегзит може да доведе до немири како што последниве недели го тресат Париз.

Тој, како што се пренесува, ги повикал пратениците да го поддржат планот на британската премиерка за брегзит, истакнувајќи дека треба да размислат за решение кое ќе ја обедини државата.

извор: Makfax