Спрема прелиминарните резултати, Мирсад Пецо, кандидат на Странка за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник кој во неделата наутро починал од последица на корона вирус, убедливо води на локални избори и освоил 8.220 гласа.

Како неофицијално се дознава, многу од мештаните на Травник, кои не планиерале да излезат на гласање, слушајки ја лошата вест, се упатиле на избирачките места да гласаат за покојниот, за инат на неговиот противкандидат.

“Независни новини“ пишуваат дека сеуште не е познато какви чекори ќе се преземи Централната изборна комисија на БиХ.

Во ЦИК сеуште незнаат како да се постават спрема оваа ситуација.Членка на ЦИК рекла за федералните медиуми дека постои правна празна во смисла на прецизно тумачење во вакви ситуации , но и дека ЦИК ќе ги разгледа сите акти како би можеле да заземат конечен став.