x

Гладбах пред Баерн? Тоа е како да се тркам со Болд и да победам…

Тукушто завршеното германско Бундес првенство не донесе преголеми изненадувања кога станува збор за трофеите. Сосема очекувано Баерн Минхен го освои и шампионатот и купот.
Во интервју за Кикер, спортскиот директор на тимот на Борусија Менхенгладбах, Макс Еберл, даде интересна компарација околу шансите неговиот тим следната сезона да биде во конкуренција за титулата односно да биде ривал на БАерн во тој поглед. Борусија годинава одигра одлична сезона инаку, и се пласираше на четвртото место кое носи во Лигата на шампионите.

„Тоа е како да јас се тркам со Усеин Болт и да очекувам да победам. Можеби ќе стартувам подобро, можеби тој ќе се сопне некаде на патеката но на крајот сепак ќе победи. Нормално ние нема да се предадеме однапред но шансите на Баерн да биде прв се 90%“ – вели Еберл

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата