Главниот обвинител на судењето на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот, демократот Адам Шиф, ги повика сенаторите да го сменат претседателот, бидејќи, како што рекол, не може да му се верува на лидерот кој своите интереси ги става пред државните.

„Американците заслужуваат претседател на кого можат да се потпрат, кој нивните интереси ќе ги стави на прво место“ рекол Шиф, претседател на Одборот за разузнавање во Претставничкиот дом.

Шиф апелираше до сенаторите, откако демократите цел ден претставуваа докази за притисокот на Трамп врз Украина, условувајќи ја воената помош со истрага против противкандидатот на претседателските избори, Џо Бајден и неговиот син.

„Не можете да му верувате на овој претседател дека ќе направи правилна работа за земјата. Можете да му верувате дека ќе направи правилно она што е исправно за Донал Трамп“ порача Шиф.

Тој нагласи дека Трамп тоа го сторил претходно и ќе го прави и следните месеци. „Ќе го сотри тоа и на изборите ако му се дозволи. Затоа ако сметате дека е виновен, морате да заклучите дека треба да биде отповикан“ додаде тој.

Вториот обвинител претседател на Одборот за правосудство во Претставничкиот дом, Џери Надиер, порача дека ниту еден претседател во американската историја не ги злоупотребил овластувањата како Трамп.

Потребно е двотретинско мнозинство од 100 сенатори за да биде отповикан Трамп, а републиканците имаат мнозинство во Сенатот. Засега аргументите на демократите не се убедливи за републиканските сенатори.

извор: Makfax