Кристијано Роналдо (35) е неук кој не ги почитува соиграчите од Јувентус, порачал некогашниот италијански фудбалер Пасквале Бруно (58).

Тој после завршување на фудбалската кариера станал коментатор и нема многу добро мислење за португалскиот репрезентативец.

Имено некогашниот дефанзивец на Италија, Роналдо го смета за очајна ѕвезда бидејќи живее две години во Торино, и нема желба да научи италијански јазик. Тој вели дека Португалецот не покажал интерес да се познимава со тоа кога во 2018, од Реал Мадрид стигнал на Апенинскиот полуостров.

– Роналдо е еден неук. Што можам да кажам за човек кој живее две години во Италија и сеуште не го научил нашиот јазик. Тој и понатаму зборува шпански и покажува непочитување кон соиграчите од Јувентус, како и спрема сите Италијанци – истакнал Бруно.

Но на Бруно не влијаело тоа што легендарниот фудбалер постигнал два погодоци во дуел со Специ (4:1) и тоа само неколку дена откако излегол од изолација на коронавирус. Тој на овој меч влегол од клупа и бил доста успешен.