Без заобиколување и долги воведи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ХРистијан Мицкоски го започна говорот на собирот во салата „Јане Сандански“ пред Скопјани со, како што рече, главните поенти: „ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе победиме заедно, силно и обединето“.

Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на нардот, доаѓа за помалку од три и пол месеци, рече Мицкоски.

Тој потсети на трите години долги колку триста години под власта на СДСМ и на штетата што ја направила оваа власт.

Ги издржавме три години, со штета која ја направија за триста години, ќе ги издржиме уште три и пол месеци. И одговорот следи на 12 април, а јас знам каков ќе биде. Следи громогласно ехо на народот, силен татнеж на обесправените, осиромашените, на измачениот народ, на оној чиј образ пробаа да го извалкаат, чие достоинство го тргуваа, чија кичма ја виткаа како да е нивната. Излегува народот, македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои се креваат, а Македонецот кога бил сложен и обединет, поместувал планини. Така ќе биде и овој пат. 12 април е тој ден, денот на одговорот. Македонскиот референдум, нашиот 8 септември. Денот “Д“ кога народот одлучува, а таа одлука значи победа, победа на Македонија, заедничка, силна, исправена, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека е сигурен во победата не само затоа што анкетите го зборуваат тоа, туку и за тоа што му верува на народот. Мицкоски потсети на Разговорите за обнова на Македонија, на кои одблиску се запонавал со проблемите на обичните луѓе, но и со нивната искрена желба за промени.

Проблемите немаат вера ниту нација, тие се заеднички затоа што и тешкиот живот е заеднички. Има страшна подвоеност, една застрашувачка одлепеност на власта од реалноста. Го знам секој трепет и секоја страст за промени кога говоревте со мене. Многу добро ги знам проблемите и личните голготи кои ги преживеавте. На Горан од Струмица, Марија од Битола, Трајче од Вевчани, на Бесим од Гостивар, Томе од Куманово, на Диме од Охрид. Ги запаметив добро проблемите кои ги живеете за да дојдеме до решенијата кои ви требаат. Ја гледам вашата одлучност, и ја разбирам вашата разочараност. Но, и го знам одговорот на вашите проблеми, и знам дека оваа влада ја помина секоја црвена линија, но исто така ја гледам вашата искреност и желба за промени, тоа се гледа во стисокот на вашата рака, во отворените очи кога се поздавувате, од воздишките поради тешкиот живот, прегратката која кажува дека сега е време за дејствување. Затоа што и покрај сите порази кои во себе го носат името и презимето Зоран Заев, на Македонија ѝ требаат победи, а нашиот народ е победнички, и тој секогаш врвел низ најтрновитиот пат, низ најтешкиот и најдолгиот пат, но на крај победувал. И ретки се тие прилики кога треба да се биде гласен, а сега е тоа време. И ги видовме и кој се, и што се од оваа власт и колку не чинат, и на што се се спремни за да останат. За нив денот поминат на власт, значи повеќе пари, а за народот поголема сиромаштија, рече Мицкоски.

Мицкоски продолжи:

„Ја гледам вашата одлучност и ја разбирам вашата разочараност. Но и го знам одговорот на вашите проблеми и знам дека оваа влада ја помина  секоја црвена линија, но исто така ја гледам вашата искреност и желба за промени. Тоа се гледа во стисокот на вашата рака, во отворените очи кога се поздравувате, од воздишките поради тешкиот живот, прегратката која кажува дека сега дојде денот, отчука часот и време е за дејствување. Затоа што и покрај сите порази кои во себе го носат името и презимето Зоран Заев, на Македонија и требаат победи, а нашиот народ е победнички, и тој секогаш врвел низ најтрновитиот пат, низ најтешкиот и најдолгиот пат,  но на крај важно е дека секогаш победувал. И ретки се тие прилики кога треба да се биде гласен, а сега е тоа време. И ги видовме и кој се, и што се од оваа власт и колку нечинат, и на што се се спремни за да останат“.

Лидерот на опозицијата порачува дека за СДСМ денот поминат на власт значи повеќе пари, а за народот поголема сиромаштија.

-И знаат дека државата е влезена во слепа улица, толку е слепа и тесна што и не може да се заврти автомобилот со кој управуваат. И тоа сакаат да го сокријат. Ако нешто видовме во овој период е тоа дека не им е тешко да излажат. Бидејќи реалноста не ја менуваат, тогаш даваат фантазија платена со многу пари. Секој човек добро знае зошто се рекламираат и фрлааат во етерот стотици илјади евра за спотови со лажна содржина. И да не се залажуваме, пари имаат, било да се рекетирани, криминални или лажни, пари имаат. Ама работата е што не се нивни, тоа се ваши пари во нивни раце, заработени без мака и пот, заработени на ваш грб, на грбот на народот. И фрлаат пари на спотови затоа што не им оди работата, затоа што ги има фатено таква паника од пораз што можеби еден ден ќе го видиме Заев со прочуената Луи Витон ташна како дели пари. Не заборавајте сигурно тие пари ќе бидат фалсификувани бидејќи  не му се троши од купот кој го направи овие години. И кога ќе бидат разобличени, ќе удрат со боксови по народот. А Трнодол пред некој ден, не е така далечен пример, рече тој.

Мицкоски говореше и за извештајот на УНДП.

-И ќе бидам максимално реален, искрен, овие мои критики имаат и верификации. Дека оваа влада не ја бива говори и УНДП кој вели дека општеството на еднакви можности кое Заев ни го ветуваше не е еднакво и ние денес се наоѓаме на дното во Европа, во друштво на Оман и Тринидат и Тобаго, а по невработеност на млади сме исто така на дното во друштво на Либија, Свазилен и Боцвана. Ете ги тие прочуени европски вредности во кои Заев не убедуваше. Секоја негова политика доживеа болно разобличување. Се сеќавате само колку лаги истураше дека сите други биле антизападни, а тој бил Европеец. Ете гледаме колку е Европеец. Ете гледаме колку е Европеец што Македонија уште е заглавена во корупција и криминал, а датум за преговори нема, порача Мицкоски.