x

Гимараеш го „испуштиле“ Жота за 2400 евра, сега тој е „крал“ на Енфилд и вреди милиони

diogo-zota

Португалскиот репрезентативец Диого Жота пред неколку месеци прејде од Вулверхемптон во Ливерпул за 45 милиони фунти и бргу стана незаменлив фудбалер во составот на Јирген Клоп. Осум минути му беа потребни за да го постигне првиот гол за Ливерпул во Премиер лигата.

Жота ја ужива популарноста во Премиер лигата, а пред седум години неговата кариера можела да тргне во поинаков правец. Тогаш играл за младинските категории на Пакос Фереира. Тој бил забележан од скаут на Гимараеш Иво Родригес на еден дуел и веднаш ги алармирал своите работодавци да го потпишат момчето.

Родригес бил убеден дека забележал „дијамант“, а по неколку недели се собрале сите скаути да дискутираат околу фудбалерите кои ги забележале. Жота бил приоритет, но потоа Гимараеш се повлекол. Со оглед дека Жота немал профи-договор, Гимараеш требало да плати 2,400 евра на две рати, плус да стави процент од наредниот трансфер. За нив тоа било ризичен потег поради неискуството на Жота во Примеира.

Диого ја играше првата сезона со Пакос Фереира. Во декември 2013 тие играа со Беира Мар и го забележав Жота. Тој правеше чуда на теренот, а беше најмлад од сите. Оценив дека има голем потенцијал.По мечот се сретнав со него и неговите родители. Зборувавме за можноста да дојде во Гимараеш.

Мојот извештај го доставив до шефовите. Следниот ден им реков веднаш да го потпишат Жота, без одложување затоа што ќе го забележат други. Го гледав уште еднаш, но искрено еднаш беше доволно. Едноставно, ме импресионира. Бевме четири скаути и сите доставувавме извештаи. Жота стана приоритет. Шефовите разговараа со неговата фамилија, но не се случи ништо. Двете страни не се согласија околу финансиите и тој остана во Фереира“, изјави Иво.

За шест милиони евра тој отиде во Атлетико, но од таму го пратија на позајмица во Порто, па во Вулверхемптон. Во Англија се пронајде. Вулверхемптон го откупи неговиот договор, а по две сезони го продаде на Ливерпул.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата