Доволен беше само еден коментар на „Бургер Кинг“ на Твитер  за компанијата да се најде на чекор пред банкрот.
Гигантската компанија за брза храна одговори на коментар на Твитер кој праша која песна од Тејлор Свифт би предложила публиката да ја слушне.

„Онаа во која се зборува за поранешниот“ – напиша „Бургер Кинг“ шегувајќи се со фактот дека добар дел од песните на Свифт се за поранешни партнери и неуспешни романси.

Обожавателите на 30-годишната веднаш веднаш излегоа во нејзина одбрана создавајќи заедница против „Бургер Кинг“ под хаштагот „#BurgerKingIsOverParty“.

Илјадници корисници на Твитер започнаа жестока дебата помеѓу оние што сакаа да ја заштитат пејачката и другите луѓе кои сметаат дека не е добро да се фрла кал на толку голема компанија каде што секој ден одат да јадат.