Откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги легализира брачните заедници на хомосексуалните двојки, многу познати личности јавно ја подржаа одлуката, објавувајќи по социјалните мрежи фотка во боите на виножитото. Кај нас истополовите бракови се далеку од законски одобрени, но тоа не значи дека многумина немаат ништо против крај себе да гледаат две мајки или двајца татковци како си ги шетаат децата.

Тијана Дапчевиќ позирала пред постерот на својата гола сестра Тамара, која, исто така, нема ништо против хомосексуалните двојки. Нивни истомисленички се и Елена Ристеска, манекенката Катарина Ивановска, пејачката Наде Талевска, Фифи…

Поранешната српска евровизиска претставничка Марија Шерифовиќ е од оние кои мислат дека веќе не треба да постојат геј и стрејт бракови, туку дека тоа треба да се вика само брак. Марија уште одамна јавно ја поддржа ЛГБТ популацијата, а својот став го поткрепи со фотографија на која двајца мажи се држат за рака.

Тие само се шетаат и никој не ги тепа”, напишала Марија.

И Северина покажала дека е со широки сфаќања.

Не сакам да верувам дека живеам во земја во која повеќето би ги бранеле нештата кои нив всушност воопшто не ги засегаат”, напишала Севе.

И не само домашните и регионалните ѕвезди се појавија во боите на виножитото, туку и многу планетарни ѕвезди го одобрија овој закон, а меѓу првите се најдоа Лејди Гага, Дејвид Бекам, Ким Кардашијан, Мајли Сајрус…

Сепак, апсолутен шампион во приказнава е Арнолд Шварценегер, кој на својот Фејсбук поставил профилна фотка во боите на виножитото, а кога еден од неговите следбеници се побунил и напишал дека веќе нема да му биде фан на славниот актер Арни му одговорил: “Аста ла виста” и со тоа одушевил многумина.