Во третиот финален натпревар од разигрувањето за шампионската титула, во Хрватска, екипата на Задар, како домаќин, славеше против Цибона со 71:68, поведе со 2:1 во победи и сега за освојување на првата шампионска титула му е потребен уште еден триумф. Може тоа ќе се случи веќе в среда, кога во Загреб ќе се одигра четвртиот натпревар. Нашиот интернационалец Тодор Гечевски и овојпат беше господар под кошевите, за 30 минути игра имаше 10 скокови, 4 блокади, 3 асистенции и 8 поени. Во првенството на Грција на програмата беше вториот финален натпревар од националното првенство. АЕК ја искористи предноста на домашен терен, славеше против Панатинаикос со 84:79 и го изедначи резултатот во победи (1:1). Нашиот интернационалец Перо Антиќ во дресот на АЕК играше полни 6,38 минути, имаше 1-0 за тројка и еден скок, но не успеа ниту еднаш да се запише во листата на стрелците. Во борбата за 3. место, Паниониос славеше против Маруси 85:80 (1-1), а во поразениот состав играше натурализираниот Македонец Кенион Џонс, кој за 19,33 минути игра постигна 8 кошеви, имаше 5-4 за двојка и 8 скокови. (С.Т.)