Гечевски сега е во родното Кавадарци да се види со најблиските и веќе утре ќе се пресели во Скопје, во салата во Градскиот парк, каде ќе се одвиваат работните тренинзи. Од другите “странци” В. Стефанов и Куртовиќ доаѓаат на седми септември, Илиевски ќе има дополнителни телефонски разговори со Давитков , а ситуацијата со Антиќ се искомпликува, бидејќи со неговата екипа АЕК ќе замине на турнеја во Шпанија и ќе биде оте- жнето неговото, благовремено, доаѓање во Скопје. Ситуацијата со Ду- шан Боцевски е статус кво. Тој одбива да игра за репрезентацијата додека на чело на Кошаркарската федерација на Македонија е Леонид Гајдаџиев, додека трагата со Кенајн Џонс повторно е загубена, бидејќи се утврди дека не потпишал за грчката екипа Маруси и луѓето од КФМ не знаат каде да му ја испратат поканата да дојде во Скопје. Лесно може да се слу- чи да отпадне од комбинација и на негово место да биде повикан натурализираниот македонец Рајан Стик кој сега игра за Арис (Грција). С.Т.