Новинарот Бранко Героски најави дека во јануари ќе пука со топ, тешка артилерија за тешки мети, коментирајки ги пишувањата на еден медиум за текстот: „Живаљевиќ, потстанарот на Героски”. За ова Героски пишува дека е класична пропагандна конструкција, обид за негов „новинарски погреб“, па порача: „Пукајте со тоа ќорците и петардите, не ви се плашам“!

Ама ако, велам, само вие терајте. Немојте да ме штедите. И занесувајте си се дека ова е мојот „новинарски погреб”. Пукајте со тоа ќорците и петардите. Ви давам фора, другарчиња. А потоа, некаде во јануари, таму после празниците, како што веќе најавив, јас ќе пукам.

Но, не по шајшутките од стрелачкиот вод. Тие се небитни. Нив ќе ги гаѓам со дијаболи за воздушна пушка. Онака, за забава. Не, другарчиња, во јануари јас го вадам топот. Тешка артилерија за тешки мети. И тоа онака, на мој начин, знаете веќе како, стои во текстот на Героски.