x

ГЕРМАНЦИТЕ УТРЕ ЌЕ ПОТВРДАТ: Бундеслигата се враќа на 9 мај!

Првите луѓе на германските бундеслигаши утре треба да ги објават плановите за обнова на сезоната во Бундеслигата. Според планот кој е изготвен оваа седмица, првенството ќе продолжи на 9 мај пред празни трибини. Сепак, враќањето на натпреварите за време на кризата со коронавирус е се уште неизвесно.

Владата постепено почна да ги нмалува мерките за изолација, а продолжувањето на фудбалскиот шампионат, кој беше запрен на 13 март, ќе има позитивно влијание врз духот на цела земја. Бундеслигата ќе стане првото големо европско национално првенство што ќе се игра повторно. На овој начин Германија ќе стане центар на целиот спортски свет.

Големите собири во Германија се забранети до 31 август, но фудбалот може да се рестартира без гледачи. Земјата има поголем капацитет за спроведување тестови за коронавирусот од другите европски земји и играчите можат редовно да се проверуваат. Екипите тренираат веќе три недели, иако во мали групи, со мерки за физичко растојание.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата