Германската фармацевтска компанија „Цуревац“ планира да ја тестира својата вакцина против коронавирус во Бразил.

Инфектологот, член на истражувачкиот тим на „Цуревац“, Сју Ен Клеменс, изјави за агенцијата ДПА дека компанијата ќе започне со студијата во Бразил во септември или октомври, пренесуваат германските медиуми.

Раководителот на студијата, Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина, рече дека првите, помали тестови во Германија досега поминале добро.

Тој рече дека тестирањето се врши врз 180 лица.

Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за целиот свет, затоа што таму вршат тестирање и други компании како „Астра Зенека“, „Синовак“, и „Бионтех/Фицер“.

Покрај САД, Бразил во моментов е најголемото жариште на пандемијата на коронавирус во светот.

извор: Makfax