x

Германците го менуваат времетраењето на ракометните натпревари?

Пандемијата со коронавирусот направи проблеми на многу спортски клубови и на Федерации посебно им донесе финансиски проблеми. Во Германија ставија крај на оваа сезона и веќе кројат планови како да се почне идната сезона во време кога многу клубови се најдоа на работ на банкрот. Засега е потврдено дека Бундес лигата ќе брои 20 клубови (два повеќе), а со тоа и трошоците ќе бидат поголеми, а и физичкиот напор исто така поголем.

Директорот на клубот Фуксел Берлин, Боб Ханинг даде интересен предлог за промена на должината на натпреварите и смета дека со тоа им олеснало на играчите.

Моментално пожарот го гаснеме со жешко масло. Мораме да најдеме начин како да го намалиме темпото. Не треба да се прашува што не функционира, туку само размислуваме за тоа што да се направи. Морате да бидете креативни во овие моменти. Мојата идеја е три третини од по 15 минути. Вреди да се размисли за ова“, изјави Ханинг.

Ова би значело дека натпреварите би траеле помалку и би бил избегнат голем физички напор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата