x

Германски репрезентативец се откажа од националниот тим на 30 години

hektor

Левиот бек на германскиот национален тим Јонас Хектор, реши да стави крај на репрезентативната кариера, поради „лични причини“. Хектор дебитираше за Германија во 2014 година, и до сега има 43 настапи. Тој не беше дел од националниот тим кој го освои Мундијалот во Бразил, а беше во Купот на Конфедерации кога неговата репрезентација беше на првото место.

Хектор се откажа од националниот тим на 30 години. Тој речиси цела кариера ја мина во Келн, каде што уште игра. Кога испадна овој тим, имаше понуди од клубови од големата „тројка“ во Германија – Баерн, Борусија Д. и Баер Леверкузен, но тогаш ги одби, и остана во Келн каде стана легенда. Сепак, во последно време и многуте повреди влијаеа на неговата кариера, а натаму го чека првиот настап во новата сезона во Бундеслигата.

 

ℹ️ Jonas Hector has announced his retirement from international football for personal reasons.

Thanks for the memories, Jonas! ???

Posted by Germany Football Team – Die Mannschaft on Thursday, October 15, 2020

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата