Делегациското патување кое се одржа од 14 до 19. февруари, беше во организација на Германската стопанска комора во Македонија во рамките на проектот „Bayern- Fit for Partnership”, а под покровителство на Баерн Интернационал.

Од Македонија учествуваа компаниите Макпрогрес, Витаминка Прилеп, Свислион, Специјал Продукт и Жито Прилеп. Делегацијата посети вкупно 15 германски компании од оваа стопанска гранка меѓу кои и компаниите Бако Михен, Волф Бутер Бак, компанијата Дер Бек која е лидер во пекарската индустрија и има ланец од 150 пекари низ Германија.

Во склоп на ова патување беa одржани и интерни саеми каде што се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за пекарска и кондиторска индустрија.

– Германските компании сметаат дека има голем потенцијал за соработка со компаниите од Македонија и Србија по одржувањето на Б2Б состаноците, велат од Германската стопанска комора во Македонија.

Покраината Баварија е најголема меѓу 16-те покрани во Германија и претставува локомотива, која ја влече германската економија со извоз од 170 милјари евра во 2015 и тренд на раст во 2016. Германија е најважниот трговски партнер за Македонија. Во 2015 е направен извоз во висина од 1,7 милјарди евра, а увоз во висина од 730 милиони евра, се посочува во соопштението од Германската стопанска комора во Македонија.