Децата се помалку заразни од нивните родители и според тоа, со помала веројатност да го шират коронавирусот, велат првичните резултати од студијата претставена од проф. Клаус Мајкл Дебатин, директор на Клиниката за деца на Универзитетот во Улм.

За оваа студија, научници од четири германски универзитетски клиники – Хајделберг, Улм, Фрајбург и Тибинген – тестирале околу 2.500 деца и нивните родители за антитела на коронавирусот од април досега.

Дебатин истакна дека ова е најголемата студија во светот на оваа темаСо своите откритија, научниците го привлекоа вниманието не само на политичарите, туку и ги негираат претходните претпоставки за децата и коронавирусот.

Така, еден од најпознатите политички влијателни виролози во Германија, Кристијан Дростен, на крајот на април тврдеше дека децата се исто толку заразни како и возрасните.

Во овој поглед, тој предупреди на опасностите од повторно отворање на училиштата.

Во јуни, Дростен тврдеше дека пример за грип покажал дека децата и возрасните носат слични количини на вирус.

Сепак, научниците од четири универзитети сега дошле до заклучок дека тоа не е точно.

Можна причина зошто децата го шират вирусот  помалку може да биде што тие имаат помалку „рецептори“ на кои вирусот може да „се закачи“.

Нивниот имунолошки систем во грлото е посилен, велат научниците.

Дебатин истакна дека е јасно дека децата биле значително помалку болни од коронавирус и дека проблемот со студијата на Дростен е погрешно толкување.