Германските компании ќе го преиспитаат своето работење и активностите во Велика Британија, ако Британците на референдумот се изјаснат за „Брекзит”.

Најверојатно во тој случај повеќе компании би го напуштиле пазарот во Велика Британија. „Дојче банк” како и германските железници вработуваат околу 25.000 луѓе во Велика Британија, „Сименс” околу 20.000 луѓе, сличен број на работници има и „Бош”.