Опасниот коронавирусот однесе повеќе од 15.000 животи. Речиси 350.000 луѓе се болни во светот во овој момент, а досега се регистрирани 22.672 случаи во Германија, која изгуби 86 граѓани од смртоносниот вирус.

Лотар Вилер, претседател на Институтот „Роберт Кох“, национална агенција за контрола и превенција на болести, рече дека просечната возраст на жртвите е 82 години.

Тој посочи дека 57 проценти од починатите се мажи, а 43 проценти жени.

Бидејќи бројот на пациенти во оваа земја продолжува да се зголемува, тој ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат инструкциите на надлежните органи и да се воздржат од дружење и непотребно да ги напуштаат своите домови.

Тој рече дека Германија, за разлика од другите земји, има доволно тестови, јавува „Си-ен-ен“.

извор: Makfax