Германија влегува во рецесија, а економијата се намали за 10,1 проценти во последниот квартал – што е најостриот пад на модерната историја на земјата, објавено е на страницата на Твитер „DW Bussines“.

Бруто домашниот производ на Германија (БДП) падна за 10,1% во вториот квартал на 2020 година, според економските податоци објавени во четвртокот, пишува ДВ.

Податоците од германското Федерално биро за статистика доаѓаат од стравувања од втор бран пандемијата на коронавирус низ цела Европа.

– Ова е најостриот пад на Германија од кога започна да бележи квартални пресметки на БДП во 1970 година – објави Бирото за статистика.

– Јасно е дека тоа беше навистина страшен квартал за Германија – рече Челзи Дуланеи на ДВ – Видовме пад на целата економија.

Потрошувачката на домаќинствата, деловните инвестиции и извозот паднаа за време на пандемијатана КОВИД -19, покажаа податоците во четвртокот. Во март, панел економски советници во Германија се согласија дека растечката криза ќе нанесе сериозен удар на земјата и се предвидува пад на бруто-домашниот производ од 2,8% во текот на целата година.

Стапката на невработеност е стабилна

Покрај падот на БДП, околу 6,7 милиони луѓе беа запишани во германската програма за буџетски програми во мај. Сепак, стапката на невработеност за јули остана стабилна на 6,4%, непроменета од јуни, знак дека првичните ефекти на пандемијата се ублажени.