x

Германија размислува дали ќе игра на Светското првенство?

germanija-rakomet

Пандемијата коронавирус прави вистински хаос во спортот. Клубовите во одредени лиги се подготвени да превземат радикални мерки за да ја спасат сезоната.

Добро е познато дека пред ЕХФ-неделата имаше најави дека бундес-лигашите имаа намера да не ги пуштат интернационалците да играат за своите репрезентации. Но, сето остана само идеја, за ваков потег можеа да заработат суспенција од европската „куќа на ракометот“.

Но, токму ЕХФ-неделата созададе нови проблеми во Бундес-лигата, дел од играчите се вратија позитивни на Ковид-19, па дел од тимовит се во изолација. Овој шампионат има 38. кола, а со вакво темпо тешко може да се доигра.

Веќе се размислува да се прескокне СП во Египет следната година. Тренерите и клубовите размислуваат исто, додека челниците на федерацијата сметаат дека настапот на Мундијалот е од големо значење за нивната земја.

Во следните денови ќе се дискутира на оваа тема.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата