Фармацевти на германскиот Универзитет Хале-Витенберг развиле начин за откривање на мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника која би можела да послужи за тестирања.

Студијата користела примероци од раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја исплакнале устата, успешно откривајќи го вирусот користејќи масовна спектрометрија, соопшти универзитетот.

Новата метода мора понатаму да се развива пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се надополнат постојаните тестови на коронавирус, се вели во соопштението. Тестот е високо специфичен бидејќи цели кон протеински компоненти кои постојат само во новиот коронавирус, исто така познат како Сарс-КоВ-2.

„ Ги мериме пептидите кои доаѓаат од вирусот, а не генетски материјал“ објаснила Андреа Синц која работи на студијата.

Моментално е потребно 15 минути за добивање резултат од тој тест, а значајни се дури и мали количини на раствор од плакнење на устата.

Ако тестот се покаже успешен, мерењата би можеле да ги спроведе неспецијализиран персонал, велат експертите.

извор: Makfax