Германскиот суд денеска објави дека нема да го суди поранешниот чувар на нацистичкиот логор Мајданек во Втората светска војна поради неговата здравствена состојба.

Судот изнесе мислење дека неменуваниот сега 97-годишен маж е премногу болен за да присуствува на судските сесии, објави агенцијата АП.

Тој е обвинет дека како чувар во логорот Мајданек во Полска учествувал во убиства извршени од август 1943. до јануари 1944. година.

Клучниот дел од обвинението против него е тоа што е осомничен дека присуствувал на убиствата на најмалку 17.000 еврејски затвореници на 3. ноември 1943 година, за време на операцијата „Ернтефест“.

извор: Makfax