– Постои некој вид заплашување, оценува американскиот економист во интервју за агенцијата Франс Прес.

Стиглиц, кој заедно со економистите Пол Кругман и Томас Пикети, е критичар на мерките за штедење, не гледа позитивно на влијанието на Германија врз економската политика која што ја води францускиот претседател Франсоа Оланд.

Стиглиц изјави дека верува на изјавите на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, кој во една прилика изјави дека бескомпромисниот став на Германија кон Грција има цел да ја заплаши и Франција.

– Владата на левиот центар во Франција не е способна да ѝ парира на Германија кон буџетските насочувања или, пак, кон грчката финансиска криза, смета тој.

Американецот оценува дека во Франција најсилен е концептот на нееднаковст, но дека земјата сега се соочува со „сериозен ризик од ширењето на нееднаковста”, поради буџетските одлуки.

Стиглиц, кој во 2001-та година ја освои Нобеловата награда за неговиот труд за несовршеностите во размената на информациите околу пазарите, вели дека Франција, и покрај состојбата на државниот буџет, има политика на штедење во јавната потрошувачка.

Економистот, идејата за намалување на данокот за компаниите кои ја стимулираат економијата ја оцени како „глупава”, споредувајќи ја со сличните мерки на поранешниот американски претседател Роналд Реган, кои не дадоа резултат.

Намалувањето на трошоците и даноците се клучна мерка на Оландовиот економски пакет на одговорност и солидарност, кој беше претставен на почетокот на 2014-та година.

Стиглиц рекол дека не разбира „зошто Европа денес избира еден таков пат”, и додава дека изборите во Германија и Франција во 2017 година најверојатно нема да донесат некакви промени. Тој не го сокрил ниту своето разочарување од левицата која е на власт последните неколку години во Европа и САД.

– Последните 20 години, социјалдемократите не докажаа дека треба да им се верува. Било да станува збор за Тони Блер во Велика Британија, Герхард Шредер во Германија и сега Барак Обама во САД. Сите тие ги поддржуваат банките, дерегулацијата и лошите трговски договори, оценува Стиглиц.