Германскиот министер за здравство, Јенс Спан, изјави дека очекува Германија да започне со вакцинирање оваа година и дека 60 проценти од нејзиното население ќе бидат вакцинирани против коронавирус до крајот на летото 2021 година.

„Нашата цел е да ја добиеме вакцината лиценцирана пред Божиќ и да започнеме со вакцинирање во Германија оваа година“, рече министерот за здравство, Спан.

Според проценките на Светската здравствена организација, 60-70 проценти од населението треба да се вакцинираат за успешност на борбата против пандемијата.

„Ние уште од самиот почеток се залагавме за вакцината да биде лиценцирана за редовна употреба на ниво на ЕУ“, истакна гхерманскиот министер.

Клучна, рече тој, е одлуката на Централноевропската канцеларија за лекови (ЕМА), која сè уште не издала дозвола за вакцината на германската компанија „Бионтех“ и американскиот „Фајзер“.

Во меѓувреме, се појавија критики дека вакцината на „Бионтех“ и „Фајзер“ веќе се користи, на пример во Велика Британија, додека земјите од ЕУ сè уште мораат да чекаат.

Спан рече дека нарачала и 13 милиони вакцини од „Астра зенека“, кои се очекува да бидат објавени во првиот квартал од следната година.

извор: Makfax