Во текот на годината се очекува во Германија да пристигнат 300.000 мигранти, изјави началникот на Сојузниот завод за миграција и бегалци Франк Јурген Вајзе.

– Канцеларијата со потешкотии ќе ги реши прашањата на новите мигранти, но јас сум убеден дека бројот нема да ја надмине предвидената цифра, посочи Вејзе.

Повеќе од еден милион мигранти од Блиски Исток, Авганистан и од Афирка минатата година пристигнаа во Германија.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 390.000 луѓе поднеле барање за азил во првите шест месеци од годинава, но не е познато колкку од нив влегле во земјата во текот на претходната година.

– Германија ќе се обиде да обезбеди место за сите мигранти на пазарот на трудот, но интеграцијата на мигрантите во германското општество бара многу повеќе време и пари, посочи Вејзе.