Скопјанец на возраст од 24 години, синоќа во полиција пријавил дека по вербална расправија на булеверот „Партизански одреди“, едно лице се обидело да го нападне со нож и му упатувало закани.

Полицијата интервенирала и уврдила дека заканувачот е лице од Германија, со регулиран престој во Скопје, кој бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

извор: Makfax