Од сите лекции, што Лајза Гереро ги научила во кариерата на спортски новинар, најскапоцениот е како да се однесува една убава дама во соблекувална полна со многу испотени полуголи мажи. “Мојата појавата е предизвикувачка и секогаш се наоѓа некој што умира да ми го покаже машкиот шарм”, вели Лајза, која се зближи со спортистите покрај ТВ-шоуто “Мандеј Најт Футбал” и “Бест Дам Спортс Шоу Пириор”. “Во таков случај му давам знак на фотографот, кој го вклучува проекторот и ја насочува светлината право во слабоста на мераклијата. Тоа секогаш дава резултат”. Лајза се прочу и со интервјуата со ѕвезди, кои го мразат печатот – Бари Бондс, Терон Овенс и Коби Брајант.
Отпуштена како водителка во 2004 година (критиките ја сметаа за премногу сладникава), во моментов Лајза е коренспондентка за судски ТВ-канал, но посакува да се врати во спортот.
И Лајза, која е мажена за бејзболистот Скот Ериксон, им недостасува на многу момчиња, кои постојано ја имаат во мислите. Со убиствено високите потпетици, блескава насмевка и долги нозе занесувачката репортерка може да запре секој квотербек во НХЛ лигата. Пред 20 години “Плејбој” и предложи да позира, но таа го одби. “Сега се чувствувам посекси од кога и да е. На 20 години сексуалноста расцутува, но на 41 година вистински се развира! Сега знам дека сексапилот доаѓа одвнатре – тоа е вербата во себе”, вели Лајза.