На 21.05.2020 околу 15.00 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот.

Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Велес.