Јозеф Геблс е познат како мозокот на Хитлеровата пропаганда. И додека тој го обожавал Хитлер, изгледа дека не може да се каже дека љубовта била заемна

Во новата биографија на Јозеф Геблс пишува дека првото сексуално искуство го имал на 13 години, дека ја користел собата на еден другар за средби со безброј девојки додека студирал, бил во долга врска со Елза Јанка и покрај нејзината „еврејска крв”, во својот дневник ги броел сексуалните односи со идната сопруга Магда, а нејзиниот близок однос со Хитлер го излудувал.

Јозеф и Магда се запознале кога дошла да работи во неговата канцеларија. Била 28-годишна кокетна секретарка, а тој пет години постар водач на нацистичката партија во Берлин. Две години подоцна, кога партијата ја презела власта во Германија, Гебелс во светот ќе стане познат како шеф на пропагандата, злобен гениј кој направи сите во Германија да го следат Адолф Хитлер.

„Убава жена по име Квант ги средува моите приватни документи”, запишал Гебелс во својот дневник во ноември 1930 година. Во рок од неколку недели започнале страсна врска која ќе кулминира со брак во декември следната година. Имале шест деца кои ги убила Магда, зашто не можела да се помири со фактот дека ќе морад а ги одгледува во свет со кој ќе владее човекот кого таа и нејзиниот сопруг го обожавале – Адолф Хитлер.

Откако ги отрула децата во мај 1945 година, се самоубила заедно со сопругот. Со овој чин сакале да ја докажат верноста кон човекот кој бил третата личност во нивниот брак. Испиле отров, а нивните тела ги пронашол поранешен аѓутант на Хитлер, кој според упатствата на Гебелс испукал два куршуми во глава за да биде сигурен дека е мртов. Потоа телата биле полиени со бензин и запалени.

Седум децении по војната на Гебелс и понатаму се гледа како на мајстор на мрачната уметност на медиумска манипулација и пропаганда. Но, благодарение на новата биографија, можеме да ја видиме и неговата друга страна – она која не само што ја открива неговата опседнатост со Хитлер до точка на лудило, туку ги испитува и деталите на неговиот личен перверзен живот и улогата на нацистички Казанова.

Авторот на биографијата, историчарот и професор Питер Лонгерих, како извор ги користел приватните дневници на шефот на пропагандата. Од книгата јасно се гледа дека Гебелсовата опседнатост со Хитлер била еднострана. Иако Хитлер бил страстен кога се работело за Магда, никогаш не бил премногу воодушевен со нејзиниот сопруг.

Гебелс е роден 1897 година во сиромашно, но ценето католичко семејство. Се истакнувал со амбиција, интелект и шарм, а неговите рани мемоари се доказ дека имал големи сексуални апетити.
Техниките на заведување почнал да ги бруси уште како многу млад, а на 13 години почнале многу да го привлекуваат постари жени. Наскоро открил дека не му е доволно вниманието на една жена. Уживал кога бил опкружен со жени, а најслатко му било тоа да го прави во собата на колегата од факултет – Ханс.

Бидејќи неговиот физички изглед не бил импресивен, жените ги привлекувал со личноста. Не само што бил шармантен, туку и многу упорен. Копнеел за женско друштво, а неговата потреба за дружење не била секогаш од сексуален карактер.

Според професорот Лонгерих, Гебелс бил патолошки нарцис кој очајнички барал одобрение од другите. Уживал да изневерува, но станувал бесен кога го изневерувале него. Откако докторирал на 25 години, се вработил во банка. Иако Евреите не му биле премногу симпатични, тоа не му пречело да влегува во романтични односи со жени со еврејско потекло. Таквите односи деценија подоцна нацистичакта партија ги забранила.

Еврејското потекло на Елза Јанке, со која имал долга афера, за него било проклетство и го обвинувал за многу нејзини маани.

Кога во 1925 година првпат ја прочитал книгата “Mein Kampf” од Адолф Хитлер, станал опседнат со водачот на нацистичката партија.

Благодарение на нациситчката партија Гебелс станал министер за пропаганда. Негова задача било на јавноста да ѝ пружи соодветна слика за Хитлер и да ги контролира медиумите. Бил ненадминлив во горење книги кои не биле со германско потекло и во доведување на еврејски уредници и уметници до банкрот.

Но, Лонгерих тврди дека не бил гениј за пропаганда каков што многумина мислат дека бил. На пример, повеќето весници ги контролирал Ото Дитрих, со кого Геблс често влегувал во конфликти, а за голем дел од пропагандата надвор од Германија бил задолжен Адолф Розенберг.

Во новата биографија, освен ова, пишува и дека Гебелс никогаш не бил моќен онолку колку што самиот верувал дека е.

Иако несомнено прогонувал Евреи во смрт и промовирал нацистички идеи, никогаш не бил дел од Хитлеровиот круг во кој се одлучувало како треба да се води војната и да се обликува општеството. Стажот во партијата, додуша, му донел утеха во вид на безброј жени кои сами му се препуштале.

„Жените ми се потребни како противтежа. Тие делуваат на мене како мевлем на рана. Но, потребно е да имам различни видови жени околу мене”, напишал во дневникот.

Магда Квант – ледена, висока русокоса, била идеален модел за нацистичка жена, а кога првпат имал односи со неа, Гебелс напишал во дневникот: „1″. Продолжил да ги брои односите, а нивната врска била многу бурна. Посебен проблем претставувала нејзината залуденост со Хитлер, а ситуацијата дополнително ја комплицирало тоа што чувствата им биле взаемни.

Дури и во негово присуство Хитлер дрско кокетирал со Магда, а тој и неговата свита ја посетувале и кога Гебелс бил отсутен.

„Се палам дека не можам сосема да бидам сигурен во нејзината верност”, напишал Гебелс. Но, и покрај неговите сомнежи дека го изневерува, Магда изјавила дека сака да се омажи за него, па Гебелс во својот дневник го сожалил Хитлер и напишал за фирерот дека е многу осамен. „Нема среќа со жените, зашто е многу мек. Жените не го сакаат тоа. Тие мора да знаат кој е главен”, напишал Гебелс.

Она што веднаш не го сфатил е дека однос во кој учествуваат тројца им одговара и на Магда и на Хитлер. Иако многу малку веројатно да биле во врска, несомнено биле многу блиски. Можно е Магда да се омажила за Гебелс само за да остане блиску до Хитлер, кој никако не можел да се ожени со веќе разведена жена како Магда.

Се венчале во ноември 1931 година, а сведок им бил Хитлер. Нивниот брак бил многу бурен – Гебелс имал безброј афери, а најопасна била онаа со глумицата Лида Барова, со која во еден момент и се опседнал.

Есента 1938 година бракот им бил пред пукање, но Хитлер инсистирал да останат заедно. Магда морала да остане со Гебелс за да може да го задржи блискиот однос со Хитлер. Да се распаднел тој брак, би почнале да ги озборуваат, а Хитлер бил и повеќе од свесен за тоа.

Кога се убил Хитлер, самоубиството на Гебелс и Магда на некој начин било последниот чин на љубов кон него.