Американската актерка Гвинет Палтроу (46) покрена низа коментари откако на нејзината инстаграм-страница „Гоп“ објави фотографија на која позира целосно гола во планина, пренесува „Дејли мејл“.

Гвинет позираше со грбот свртена кон фотоапаратот, а обожавателите на почетокот се прашуваа дали навистина е таа. Жената на фотографијата ја има истата градба како актерката и истата брановидна коса, но сепак им беше тешко да оценат дали навистина е таа или модел изнајмен за фотографирање. Таа позираше со рацете испружени во воздухот посматрајќи ги планините пред себе.

„Ние се лажеме себеси од добри или лоши причини, без разлика дали е самозаштита или самоуништување (што понекогаш е исто). Но, зошто? Треба да го слушате вашето тело за да се ослободите од предрасудите“, стои на фотографијата, која собра повеќе од 10.000 допаѓања на социјалната мрежа.

„Ако сакате да се промовирате природно, тогаш престанете со овој вид нереални фотографии“, „Дали некогаш земате модели што не изгледаат како да гладуваат?“ се некои од коментарите под фотографијата, со кои обожавателите посочуваат дека актерката е многу слаба. Некои беа уште порадикални, истакнувајќи дека ѝ се гледаат ребрата.

извор: Makfax