x

Гвардиола се присетува: Еве зошто Стоичков беше само играчиште, а Кројф ГИГАНТ! (ВИДЕО)

Во време на карантин поради коронавирусот,во недостиг на фудбалски настани, играчите, тренерите, но и сите ние се присетуваме на некои интересни случки од минатото.

Па така и Пеп Гвардиола, играчката и тренерска легенда на Барселона, а сега стратег на Манчестер Сити, се присети на еден тренинг од 22 февруари 1995 година, кога Барса имаше мега – тим а тренер беше Јохан Кројф. Интересна случка драги читатели, видете како Бугаринот си има проблеми со прескокнување на јажето, а видете со каква елеганција тоа го прави Кројф, кој тогаш имал 48 години. Сето ова Пеп го проследи со интересна насмевка.

Е па, затоа Стоичков бил само играчиште, а Јохан Кројф ГИГАНТ, веројатно најдобриот европски фудбалер во историјата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата