x

Гвардиола постави нов рекорд во Премиер лигата

Синоќешната победа над Бурнемаут од 2:1 во мечот од 36. коло во Премиерлигата донесе нов рекорд за менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Имено, тој успеа да постави рекорд по број на остварени победи за време на првите 150 меча на клупата на некој премиерлигашки тим.

Според објавената статистика, шпанскиот стратег стигна до бројката од 111 остварени победи во првите 150 средби како менаџер во една од најсилните национални лиги во светот.

Пеп е далеку пред Жозе Мурињо (105), Јирген Клоп (92), Алекс Фергусон (90) и Кени Далглиш (85) кои се на првите пет места на оваа листа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата