x

Гачевски дебитираше за Енозис со два гола во неговата мрежа

gacevski

Филип Гачевски дебитираше за Енозис Паралимни на денешниот меч со АПОЕЛ и не успеа да го спаси својот тим од пораз. Поранешниот голман на Вардар два пати беше совладан и тоа од ист играч – Гајас Захид. Паралимни изгуби со 0:2.

А АЕК Ларнака изгуби на гостувањето кај Омонија со 2:1. Иван Тричковски и Даниел Мојсов беа дел од АЕК во поразот, додека Стефан Спировски поради повреда отпадна од комбинација за овој меч.

Лидер во кипарскиот шампионат после 4. кола е Аполон, втор е АЕЛ Лимасол, а трета Омонија. Паралимни е последен, а АЕК Ларнака е на петото место.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата