x

Гатузо: 1000 навивачи нема да сменат ништо

gatuzo

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо после присуството на 1000 навивачи на „Енио Тардини“ во Парма, рече дека и натаму ова е далеку од она вистинското.

Италијанската влада дозволи присуство на 1000 гледачи на стадионите ширум Италија, како почеток на враќањето на публиката.

„И натаму тоа е поинаков спорт. 1000 или без навивачи, исто е. Ова не е фудбал денеска, ние сме професионалци, но фудбалот се навивачите“, рече тренерот на Наполи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата