Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо беше критички расположен по мечот со Ријека во Лигата на Европа. Според него Наполи по првите 30 минути бил очаен и толку лош што заслужил да губи и со повеќе од 1:0. Италијанската екипа успеа да победи 2:1 со пресврт, откако во второто полувреме еден домашен играч си постигна автогол.
„Во првите 30 минути заслужувавме да губиме и со 2:0. Тоа беа минути на срамотење, без идеја, со многу импровизација. Изгледавме како прв пат да сме на терен заедно. За среќа успеавме да изедначиме, а во вториот дел и да постигнеме победнички гол. Мораме да работиме на подобрување на перформансот. Треба да имаме континуитет 90 минути. Мора ментално да зајакнеме за да не ни се случуваат вакви подеми и падови“, изјави Гатузо.