x

Гатузо: Бев договорен со Бока, но мојата сопруга не ме пушти

Сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо откри еден интересен детал од кариерата. Тој во 2012 година бил блиску да замине во Аргентина, да се приклучи во тимот на Бока Јуниорс, но во последен миг сопругата го спречила.

„Не е тајна дека одамна го сакам тимот на Бока Јуниорс. Имав можност да играм против овој тим. Бев блиску да одам таму во 2012 година, но мојата сопруга не ме пушти да одам. Моите деца беа многу мали во тоа време и не беше вистинско време“, рече Гатузо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата