Ќе учествуваат експерти од оваа област, готвачи, сопственици на ресторани, винарии, гастро-блогери, а ќе има и гости од регионот.

Предвидени се неколку панел дискусии на различни теми – „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?”, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави”, „Храната на интернет”,…, меѓу кои и панел-дискусиите „Приготвуваме и живците ги негуваме” со учество на познати личности кои сакаат да готват (Адријана Алачки, Есма Реџепова, Весна Петрушевска, Елена Петреска, Јоце Панов и Зоран Џорлев), како и т.н. Гастро-дипломатија на која гости од амбасадите ќе дегустираат храна подготвена од нивните гастро-шефови.

Присутните ќе уживаат во големиот број македонски специјалитети, а презентирани ќе бидат и правилата за дегустирање вина.

Како што најавуваат организаторите „Колор Прес-група”, специјален гостин на конференцијата ќе биде познатиот водител Оливер Млакар кој треба да ги открие „малите тајни на големите мајстори” на кујната.

„Food talk” конференции досега се организирани во Заечар и Нови Сад.