x

Гасперини го „пречкрта“ Гомез: Имаме и други капитени

gasperini

Идилата во Аталанта е нарушена откако се скараа капитенот Папу Гомез и тренерот Џан Пјеро Гасперини. Гомез остана на клупата на последните два натпревари во Серија А, а влезе на мечот со Јувентус во ремито 2:2. Беше чудно што капитенот е ставен меѓу резервите ако се знаеше дека тој не пропушта меч освен ако не е повреден. Сега се работи за нешто друго. Караницата со Гасперини доведе до негова казна. Тренерот го седна на клупата, а исто така го изостави од списокот на играчи за натпреварот со Рома во недела.

Со тоа се зголемија гласините дека Аргентинецот во јануари ќе го напушти Бергамо.

Зборувавме за ова изминатите денови, а пред нас е многу важен натпревар и сакаме да бидеме фокусирани на него. Инаку најмала грижа ми е кој ќе биде капитен, имам неколку опции вклучително Мартен де Рун, Ремо Фројлер и Рафаел Толои. Секој тим има повеќе од еден капитен“, вели Гасперини.

Не контролирам што е напишано и што е кажано надвор од тимот, она што ме интересира е кога сме на терен или на тренинзите, секој мора да ги почитува правилата на клубот. Сите мораме да бидеме на иста ’бранова должина’“, вели Гасперини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата